Не плашете се, огромниот питон нема да му направи ништо на 7-годишното девојче, затоа што станале најдобри другари за време на изолацијата
Седумгодишната ученичка станало најдобра другарка не со еден, туки со 2 питони од по 4,5 метри за време на принудниот училишшен распуст.
Да се биде изолиран дома со две од најдолгите видови на змии во светот, би бил најлош кошмар за некои луѓе, но не и за малата Еми Таока. Во видеото снимено од нејзиниот татко, Ед (40), Еми ужива во друштво на змиите што се обвиткуваат околу неа, играјќи си на пријатното сонце надвор.
Мрежестите питони Сони, сега шест и Шер, сега пет години, живеат дома со Ед, откако тој ги посвоил во обид да ја задоволи својата страст кон влекачите.