Не правете го ова дома: „Во цела 2022 година се истуширав само 37 пати и со сигурност ви кажувам дека НЕ СМРДАМ“

Сексуална работничка на „OnlyFans“ изјави на „Твитер“ дека цела 2022 година се избањала само 37 пати.

Аела, од Ајдахо, ги рефлектираше последните 12 месеци на „Твитер“, но информацијата за тоа колку често се избањала во 2022 година си шокираше нејзините следбеници.

 

 

Одговарајќи му на човекот кој ја доведе во прашање нејзината хигиенска рутина, Аела рече дека се труди да не го нарушува својот природен микробиом на кожата премногу.
27-годишната девојка тврди дека не смрди поради балансот на „микробиомот“, кој е збир на бактерии и габи кои живеат на телото.
Во една тема на „Твитер“, таа напиша: „Ако некој кој секојдневно ја мие косата со шампон, не ја измие 3 дена, веднаш косата ќе му стане мрсна, но доколку сте упорни и ова ви стане навика, телото, косата и кожата ќе се навикнат на тоа“.

„Но, ова не е совршено за сите,  различни луѓе имаат различни видови тела, со различни активности и нивоа на пот“.

„Внимавам да не користам сапун на пазувите, бидејќи се чини дека тоа го зголемува мирисот; обично силно тријам со влажна крпа, а потоа ставам дезодоранс и ова функционира одлично. Користам и биде, а често ги перам гениталиите“.

Таа додаде дека не користи хидратантна крема за тело бидејќи живее во влажна област, што и помага на нејзината кожа да се чувствува свежо.
Корисниците на „Твитер“ беа поделени во нивниот одговор на објавата на Аела, некои ја поддржуваа, додека пак некои не можеа да го разберат овој начин на живот.

 

Еден корисник се согласи со Аела велејќи: „И јас не се туширам често и се согласувам. Плус, откако почнав да ја мијам косата ретко, текстурата и волуменот значително се подобрија“.

Друг додаде: „Се туширав можеби десет пати во 2022 година и не смрдам. Очигледно се пресоблекувам во чиста облека и почесто ги мијам рацете/лицето, но секојдневното туширање е сосема непотребно и прави да мирисате полошо“.

Некои научници рекоа, иако тоа може да биде прифатливо од социјални причини, не е од витално значење да се туширате секој ден.

 

  • Pero напиша:

    e vaka e veke podobro…seksualna rabotnicka… a ne , zvezda, kralica, planeta…. ova veke lici, seksualna rabotnicka, ili vo prevod…. si znaete de

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *