Не прави ништо, освој сѐ: „Space out“ натпреварите во мрзеливост нѐ потсетуваат дека понекогаш треба човек и да се одмори
Во време кога сите брзаат, идејата да не правиш ништо добива сосема нова смисла. Добредојдовте во светот на „space-out“ натпреварите – единствени настани во кои луѓето се натпреваруваат кој подобро ќе… прави ништо.
Овој невообичаен феномен започна во Јужна Кореја како уметнички експеримент на визуелната уметница Woopsyang во 2014 година. По доживеан тежок бран на исцрпеност, таа создала настан каде учесниците седат мирно 90 минути, без телефони, разговори или смеа, додека судии ја следат нивната смиреност и пулс. Победува оној чија срцева фреквенција покажува најстабилен пад – знак на вистинско опуштање.
Да научиме повторно да уживаме во мирот!
Натпреварите станаа популарни не само во Сеул, туку и во Пекинг, Ротердам, Тајпеј, Хонг Конг и Токио. Во општество под влијание на „pali pali“ културата – брзина, ефикасност и постојана активност – луѓето се сè почесто свртуваат кон „sohwakhaeng“, малите, но сигурни задоволства. Преку свесно забавување, повторно учиме да уживаме во мирот и да го вратиме изгубениот баланс.
Научно, ова има смисла. Според Теоријата за обновување на вниманието (ART), постојаното насочено внимание, како она што го бара работата или екранот, го заморува мозокот. За разлика од тоа, „мирна фасцинација“ – посматрање природа, облаци или едноставни моменти – го обновува менталниот капацитет.
Понекогаш треба да нѝ е досадно
Иако не мора секој да учествува на официјален натпревар, ефектите можат да се почувствуваат и со мали, лични практики: одвојување на 15 минути за тишина, исклучување на телефонот или просто дозволување на досада. Се што треба е да се направи простор – буквално и ментално.
Како што Woopsyang вели: „Може малку да си изгубите време. Тоа го заслужувате.“ Зошто да не пробате да не правите ништо – токму сега?
Коментирај анонимно