„Не сакав маж или дечко, па си најдов донатор на сперма на „Фејсбук“. Има многу луѓе што не ме разбираат, но не ми е грижа, јас сум ГОРДА мајка на 5 деца“
Австралиска мајка на пет деца, која сакала големо семејство уште од мала, зборува за тоа како се обратила кон неортодоксната онлајн заедница за да забремени.
На Брук Витингтон (28) ѝ кажал пријател за групата на „Фејсбук“ за донирање сперма во Австралија, каде надежните мајки и спремните донатори ги заобиколуваат клиниките во корист на неформални состаноци во кафулињата и хотелите каде што се обезбедуваат свежи примероци.

„Резервирав хотелска соба и тој (донаторот) влезе во собата и ми испрати порака кога веќе имаше сперма во тегла, потоа тој замина и влегов внатре“, изјави г-ѓа Виингтон, од Голд Коуст. Среда навечер. Отсекогаш сум била многу плодна личност за што сум многу благодарна, но токму пред да го ставам шприцот, се сеќавам дека ја гледав спермата таму и мислев „нема шанси ова да функционира“, рече таа.

„Но, се оплодив со шприцот и првпат успеа… Бев изненадена како и сите други!
Г-ѓа Виингтон објасни дека самата која доаѓа од големо семејство сакала многу деца уште од својата осумгодишна возраст и кога го родила своето прво дете, Едвард, во 2014 година на 19 години „целиот живот ѝ се променил“.
Таа го дочекала своето второ дете Гилберт во 2016 година и нејзината прва ќерка Одета во 2018 година – чиј татко е пријател од Јапонија што го знаела од времето кога била студент на размена.

„Другите мои деца беа зачнати природно, но јас сум 100 отсто од времето сама, па затоа решив да одам преку донатор на сперма за моето четврто бебе. Се чинеше како совршена одлука за мене, бидејќи и онака веќе го правев целосно самостојно и немаше да има стрес или драма“.
Таа рече дека првпат слушнала за донацијата на сперма во Австралија од пријател веднаш откако го добила Едвард во 2014 година.
„Отпрвин мислев дека е многу поинаку и не можев да се замислам себеси да одберам по тој пат, но кога дојдов до тој момент во мојот живот, всушност не звучеше толку лошо. Поставив објава за себе и за она што го барам и имав приватна порака од неколку донатори. Избрав неколку од нив за кои почувствував дека разговорот тече многу лесно, бидејќи тоа ми беше навистина важно за да не се чувствувам нервозна или вознемирена“.

Таа рече дека сака азиски донатор бидејќи Одета има азиско потекло, а другите нејзини деца се сите бели.
Таа потоа ја добила својата „чудо од ќерка“ Нора која сега има една година пред да го дочека петтото дете Мејбел од претходна кратка врска.

Коментирај анонимно