Не сме ни најмалку свесни на што сѐ е способна природата: Впечатливи фотографии од вулканската ерупција во Исланд

Огнена течност го осветлува зачаденото небо во Гриндавик, на само 50 километри од главниот град Рејкјавик.

Реки од лава избувнаа од пукнатините исфрлајки фонтани од црвено- златна стопена карпа додека вулканот Фаградалсфјал еруптираше оваа недела.

 

Ерупцијата започна во понеделникот вечерта, но не беше изненадувачки: областа беше активна веќе две години, а илјадници мали земјотреси го најавија речиси неизбежното повторно будење на вулканот.

Персоналот на цивилната одбрана е во состојба на висока готовност, блокирајќи го пристапот до патот што води до планината и летајќи со хеликоптери над сливот на лава за следење на вулканската активност.

 

 

Како што наближува зимската краткоденица во петок – кога на Исланд има само три часа сонце дневно – жителите се собираат заедно, гледајќи од безбедно растојание природниот спектакл што го осветлува темното небо.

 

Температурата на лавата е околу 1200 степени Целзиусови. Исландската метеоролошка служба процени дека стотици кубни метри лава во секунда избиле од вулканот во првите два часа од ерупцијата, иако активноста значително се намалила до вторник попладне.

Вулканот последен пат еруптираше во март 2021 година, но пред тоа беше неактивен 6.000 години.

 

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *