„Не сум се избричила една деценија – некои мажи одбиваат да излегуваат со мене затоа што сум премногу влакнеста“

31-годишната Зои Цветслут 10 години не се фатила за бричот, но тоа малку влијае на нејзиниот љубовен живот.

„Имаше мажи кои велеа дека ќе морам да ги избричам влакната ако сакам да бидам во врска со нив“.

 

По потекло од Окленд, Нов Зеланд, Зои призна дека нејзиниот татко понекогаш избегнува прегратки поради влакната на телото. Таа дури и ги чувала пазувите покриени за време на интервјуата за работа и била изненадена од силните реакции на луѓето за нејзиниот изглед.

Но, сега, таа смета тоа се само луѓе со тесни погледи на животот.

„На почетокот бев самосвесна. На крајот почнав да заборавам на моите влакнести пазуви додека другите не го спомнаа тоа. Беше пофрустрирачки бидејќи луѓето ги коментираа“.

 

Па така Зои толку многу ужива во нејзините влакна што сега се решава и да ги бланшира и да ги фарба.

„Децата повремено ме прашуваат зошто ми се обоени пазувите. Би рекла за забава. Од жена која се придржуваше до општествените норми, бричење, шминкање и слично преминав во жена која ги сака сите делови од себе. Преминот од непријатното чувство кога другите беа згрозени од моите влакна до едноставно препуштање на тоа каква сум јас беше толку позитивно искуство“.

 

 

„Пробајте и вие! Помага да ги предизвикате вашите внатрешни чувства околу тоа како капитализмот и патријархатот сакаат да изгледаат и мажите и жените. И плус заштедувате и пари на жилети и време под туш“.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *