Неблагодарно девојче го фрлило новото кутивче за моливи кое ѝ го купила мајка ѝ, па таа реши да ѝ одржи вредна лекција

Од удобен кревет до топол туш, земаме многу работи здраво за готово. Значи, нашиот ум нè преокупира со размислувања за нештата што ги немаме.

И нè прави мизерни. Треба да се бориме против него и добар начин да се буниме против овие негативни импулси е да се потсетиме да ги цениме малите нешта околу нас. Како кутивче за моливи.

Кога Хејли Хасел од Кантонмент, Флорида ѝ купила убаво розово кутивче мислела дека нејзината ќерка ќе биде воодушевена затоа што претходно барала такво. Сепак, наместо да биде благодарна девојчето ѝ кажало дека кутивчето е глупаво и дека сите нејзини соученици имаат такво и дека повеќе не го сака.

За да биде уште полошо малата „принцеза“ го фрлила кутивчето во канта и влегла во својата соба треснувајќи ја вратата. Хејли се обидела да се смири и да смисли начин како да ѝ одржи лекција на својата ќерка.

Таа ѝ кажала дека веднап ќе ѝ најде кутивче кое ќе може да го искористи. Така мајката земала кесичка со патент и ѝ кажала на нејзината ќерка дека убавото кутивче ќе го донираат за деца чии родители немаат средства да им купат училишен прибор или деца кои воопшто немаат родители. Девојчето веднаш се предомислило во врска со кутивчето, но веќе било доцна.

Хејли вели дека ќе ѝ дозволи на својата ќерка неколку дена да оди со кесичката на училиште за подобро да ја научи лекцијата.

Таа вели дека како девојче немала многу работи и затоа сакала нејзината ќерка да има сѐ, но не сака да ја разгали и да ја направи неблагодарна.