Небото во Америка стана „крваво“ црвено поради пожарите кои беснеат
Соединетите држави честопати се поврзуваат со чисто небо и сонце, особено во текот на летото, но жителите на Орегон беа соочени со шокантна глетка кога небото стана црвено како крв. Небото да добива црвена нијанса на изгрејсонцето и зајдисонцето не е невообичаено, но за жал ова е од многу полоша причина.
Небото над државата доби драматична, светла нијанса на црвена боја како резултат на пожарите што продолжуваат да горат низ бројни области на западот на земјата. Многу од фотографиите се снимени долго пред зајдисонцето, со морничаво небо кое било видливо во текот на дневните часови.

Иако се чини дека небото е црвено поради тековен пожар, бојата на небото не е предизвикана од сјајот на пламенот. Наместо тоа, тоа е резултат на феноменот познат како Рејлиево расејување, што е предизвикано од честички чад од пожарите.

Видливата светлина се состои од бои во различни бранови должини, и како што сончевата светлина поминува низ гасовите и честичките во Земјината атмосфера, различните бранови должини се распаѓаат преку прекршување и расејување. Црвеното небо на пладне во Орегон се должи на фактот дека може да се расфрла повеќе светлина ако има повеќе загадување, чад и други микрочестички во атмосферата, како што во моментов има во Орегон поради пожарите.
Си-Ен-Ен известува дека околу 40 големи пожари горат низ Калифорнија, Орегон и Вашингтон по екстремните горештини и силните ветрови предизвикани од пламенот.
