Недостатокот на храна во Мадагаскар е директен резултат на глобален проблем кој веќе влијае и на остатокот од светот

Климатските промени се обвинети за тешките суши што го предизвикаа гладот во Мадагаскар.

Сушите ги оставија жителите на земјата со многу ограничени ресурси на храна, носејќи ги луѓето на работ на глад.

Повеќе од еден милион луѓе останале „без сигурен извор на храна“ како резултат на сушите, а  14.000 се во „катастрофални услови“ според Светската програма за храна на Обединетите нации.

Организацијата предупреди дека овој број може да се удвои до октомври, ако не се преземе акција за помош на оние кои имаат потреба.

Наводно, ова е најлошата суша што го погодила Мадагаскар во последните 40 години. Луѓето живеат на сирово овошје од црвен кактус, диви плодови и скакулци веќе неколку месеци.

Жителка по име Тамарија  раскажа за тековната состојба во нејзиното село.

Мајката на седум деца сподели:

„Тука нема што да се прави. Немам земја па  затоа не можам да обработувам ништо. Живееме на она што можеме да го најдеме во шумата. Ја продадовме целата стока. Ако најдеме зеленчук и сакаме да го зготвиме, треба да позајмиме тавче од други луѓе. Не ми останува ништо и тоа е болно“.


„Нема активност, нема можност за работа, нема жетва и нема што да се стави на трпезата“, продолжи таа. „Две мои деца обично одат во шумата да бараат храна. Останувам дома во текот на целиот ден без ништо друго освен да чекам да се вратат со тоа што го собрале. Одам по 4 км за да најдам вода“.

Извршниот директор на Светската програма за храна на Обединетите нации, Дејвид Бисли објасни дека гладот ​​„не е заради војна или конфликт, туку заради климатските промени“.

Тој додаде дека луѓето во Мадагаскар „плаќаат највисока цена“ за еколошката криза за која не придонеле.

Се верува дека тоа е првата земја што претрпе глад како резултат на климатските промени.


Светската програма за храна на Обединетите нации процени дека им требаат 78 милиони долари за да се справат со гладот ​​во Мадагаскар. Финансирањето би помогнало да се обезбедат оброци од 50 кг пченка, 10 кг грав и два литра масло, како и храна за мали деца кои имаат очајна потреба од помош.

Се вели дека сезоната на жетва е за помалку од два месеци, но прогнозата за производство на храна е „катастрофална“ бидејќи земјата е покриена со песок, и има ограничена можност за дожд.