Неистражена Македонија: Запознајте се со 13 скриени убавини на нашата земја, кои оставаат без зборови

Можеме многу маани да ѝ најдеме на нашата држава, но со една работа ќе се согласат сите: Македонија има прекрасни природни убавини! И овие убавини вредат да бидат видени. Иако за големите туристички места во другите држави дознаваме на секакви начини, за скриените убавини на Македонија е малку потешко да се дознае.

Сепак благодарение на профилите на „Неистражена Македонија“ на Инстаграм и на Фејсбук можеме преку фотографии, описи и локации да си избереме идна дестинација за викенд во природа. Фотографиите се тука благодарение на авантуристите кои го користат хаштагот #НеистраженаМакедонија. Погледнете ја галеријата од некои од најубавите места во Македонија, кои можеби никогаш не би ви текнало да ги посетите, а за нови и свежи содржини запратете ги „Неистражена Македонија“.

Св. Спас Маловиште

Драчевска пештера, Вртекица

Галичник

Преспанско езеро

Село Скачковце

Национален парк Галичица

Аквадукт, Скопје

Тука се наоѓало селото Здуње кое денес лежи потопено на дното од езерото Козјак.

Горно Мелничани

Стогово

Е-75

Вевчански извори

Топлите Вирови, Демир Капија