Некој пронашол албум на постара госпоѓа со најпознатите личности од Холивуд и мистеријата како успеала во тоа е решена

Продавница за артикли од втора рака во Белгија предизвика доста возбуда на Интернет. Луѓето во Opnieuw & Co, откриле стар албум со фотографии каде една жена позирала покрај најголемите sвезди во Холивуд. Откако споделија дел од сликите, онлајн заедницата веднаш започна со истрагата. Која е жената што го гушка Џони Деп, Анџелина Џоли, Брус Вилис и други познати личности од А-листата?

По некое време, некој забележал ознака што ја има на една од фотографиите. Излегува дека „мистериозната“ жена е всушност Марија Снуис-Лаглер, поранешна членка на холивудското здружение за печатот за странство (HFPA). Тоа е непрофитна организација на новинари и фотографи кои известуваат за индустријата за забава. HFPA се состои од околу 90 членови од околу 55 земји, а тие се оние кои ја спроведуваат годишната церемонија на доделување награди Златен глобус во Лос Анџелес секој јануари.

Гледајќи ги овие фотографии, јасно е дека Марија Снуис-Лаглер ги запознала буквално сите кои доминираат на најголемите екрани. Или пак е обратно? Тие ја запознале Марија?