Некогаш беше олицетворение на убавината и успехот, а денес е бездомничка која „копа“ низ кантите боса

Поранешната сопруга на ѕвездата на Спасувачката служба Џереми Џексон, 38-годишната Лони Вилисон, деновиве беше уловена од фотографите како боса шета по улиците на Лос Анџелес.

Поранешната манекенка за прв пат беше видена во јавноста од минатата пролет, а беше фатена како копа во ѓубрето на плажата Венис, пренесува Дејли Мејл.

Американските медиуми објавија дека Лони денес е непрепознатлива, а од 2016 година е бездомник. Истата година, поранешната манекенка доживеа нервен слом, а поранешната девојка на Џереми Џексон, Синди Ковач, за британските таблоиди коментираше дека актерот одбил да ѝ помогне на својата поранешна сопруга откако се разделиле во 2014 година. „Ми се згади од неговата реакција. Нему едноставно не му беше грижа“, рече таа.

Лони пред минатата година за медиумите изјави дека не сака помош од поранешниот сопруг, но и од пријателите. Таа не се јавила на никого со месеци. „Можам да живеам сама. Имам се што ми треба и овие луѓе не сакаат да ме гледаат. Немам мобилен телефон и никој не може да ме добие, но имам храна и имам каде да спијам”. таа рече.

Инаку, поранешната манекенка беше во брак со Џереми од 2012 до 2014 година, а потоа исчезна во 2018 година кога нејзините пријатели се обидоа да ја убедат да оди на клиника за рехабилитација за да ги решат нејзините ментални проблеми и зависноста од метамфетамин. Бракот ѝ пропаднал по серијата кавги под дејство на алкохол.

Вилисон работела како асистент во центар за пластична хирургија во Лос Анџелес, а потоа во 2016 година доживеала нервен слом и добила отказ, а потоа го изгубила и домот. Извесен период работела и како фитнес инструктор и ги красела насловните страници на некои списанија, но сè тргнало  наопаку поради нејзините психички проблеми.