Некогаш манекенка, сега камионџика, кој би рекол? Запознајте ја „Мис Камион“ којашто ќе ви го украде срцето со нејзиното големо возило и вита става

Ќерката на фармер и поранешен модел, Мили Еверат (23) од Линколншир се натпреварува на избори за убавина од 2017 година. Таа ги освои титулите „Мис Линколншир“ и „Мис добротворни цели“ во 2018 година, а подоцна беше финалистка на Мис Англија 2022 година. Сепак, девојката решила да ја напушти кариерата како модел за да го исполни својот стар сон да стане камионџија.

Во 2022 година, таа завршила обука и добила возачка дозвола што и дозволува да вози комерцијални возила. Оттогаш, Еверат редовно превезува стока низ Велика Британија на долги растојанија и ужива во својата работа. Девојчето истакна дека чувствува слобода благодарение на возењето, бидејќи патува низ целата земја. Покрај тоа, таа тврди дека зема пристојна плата. „Сакам да докажам дека оваа работа можат да ја работат не само 40-годишни мажи. И ако ги инспирирам другите жени да го сторат истото, тоа би било неверојатно“, вели таа.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *