Некои од нив повеќе не постојат: Македонец ги фотографирал сите галички куќи направени пред 1945 година

Не е потребна дискусија дека Галичник е едно од најубавите места во Македонија исполнето со традиција. Сместено е на падините на планината Бистра, во центарот на регионот Мијачија и секако посетено од многу луѓе кои сакаат да се восхитуваат на прекрасната архитектура, нереалните пејсажи и вкусните млечни производи.

Томо Черепналкоски ја разбуди носталгијата кај сите откако објави галерија од фотографии кои сведочат за прекрасната архитектура на Галичник. Тој ги направил фотографиите во 1999 година и затоа голем број од овие куќи повеќе не постојат.

„Во 1999 година ги фотографирав скоро сите галички куќи направени пред 1945 година. На постов, за жал се ставени дел куќи кои денеска веќе не постојат после правењето на фотографиите 1999 година. Дел се рушени од забот на времето, дел од недоразбирање на делџиите на куќите, дел се изгорени во пожар и слично.“, пишува тој.

Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете своја смешна слика или видео овде.