Некој копне по нив, а некој не може да се отараси: Американката направила операција за намалување на градите, но повторно ѝ пораснале

24-годишната танчерка и пејачка Бетани Лион од Лос Анџелес, САД, платила 10 илјади долари за операција за намалување на градите и не е задоволна од резултатот. Операцијата ја направила во 2019 година, затоа што страдала од болки во грбот, не можела да си најде соодветна облека што ќе ги собере и ѝ било непријатно да го прави она што најмногу го сака – танцувањето.

„Луѓето постојано коментираа за големината на моите гради, ми се чинеше дека само тоа го забележуваа на мене. Градите ми беа многу тешки, ми пречеа во танцувањето и мислев дека изгледам глупаво “, вели Американката.

Веднаш по операцијата, девојката била задоволна од резултатот, но наскоро забележала дека нејзините гради повторно почнале да растат. Според Американката, таа знаела дека ова може да се случи како резултат на хормонално пореметување.

„Две години по операцијата, научив да ги прифаќам моите големи гради, но можеби ќе имам втора операција во иднина“, рече таа.

„Обратен раст на ткивото е можен по намалување на градите. Промена на телесната тежина, бременост, стрес и болест, промени во хормоналната рамнотежа – сето ова може да предизвика реакција во телото “, коментира пластичниот хирург од Њујорк, д -р Даглас Штајнбрех.