Некој не бил толку невин: Мис Јапонија се откажа од титулата само 2 недели по победата зашто предизвика скандал со нејзиниот љубовен живот

26-годишната Каролина Шино пред две недели ја освои престижната титула Мис на Јапонија. Но, светот неодамна беше шокиран кога беше откриено дека таа се откажува од титулата по скандал.

 

Неодамна, едно јапонско списание по име Шукан Буншун објави експозе во кое тврди дека младата жена имала афера.

Според написот во  Шукан Буншун , г-ѓа Шино била во врска со оженет инфлуенсер и доктор . Инволвираниот човек се воздржа од давање какви било јавни изјави за ова прашање.

 

Минатата недела, во првичниот одговор на извештајот, организаторите на натпреварот застанаа во одбрана на г-ѓа Шино, тврдејќи дека таа не знаела за брачниот статус на мажот. Меѓутоа, во понеделникот открија дека таа признала дека знаела за неговиот брак и семејството.

Здружението на Мис Јапонија соопшти дека 26-годишната девојка се извинила за нејзините погрешни изјави, а организаторите ја прифатиле нејзината оставка од титулата.

Г-ѓа Шино, исто така, им се извини на своите обожаватели и на пошироката јавност преку соопштение во понеделникот, изразувајќи дека нејзините постапки биле поттикнати од страв и паника како реакција на извештајот.

Таа истакна : „Навистина ми е жал за огромните проблеми што ги предизвикав и за предавството на оние кои ме поддржуваа“.

Титулата Мис на Јапонија сега ќе остане празна до крајот на годината, иако има неколку второпласирани.

 

 

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *