Фаталната грешка на Италија: Еве како бизнисот „цвета“ за италијанската мафија за време на пандемијата
Италијанската полиција мака мачи да се справи со мафијата откако започна кризата со пандемијата. Мафијашите од Камора кланот се вистински трн во окото на законот поради големата поврзаност и големиот број на членови. Полицаецот Луиџи Весичино од Фалчи полицијата објаснува дека организираниот криминал ја користи ситуацијата со пандемијата за да ги извршуваат своите активности. Поради ослабнатата економија и покрај помошта од државата некои луѓе не успеале да добијат парични средства и останале без работа, па тука „решила да помогне“ мафијата и да ги регрутира овие луѓе во свои цели и да им позајмува пари. Освен што полицијата пронаоѓа дрога и оружје, мафијата исто така произведува и маски кои наводно се за заштита од вирусот, но всушност не се ефективни.
Новинарката разговара и со поранешен член на Камора, Давид Черуло, кој што сега живее мирен живот, но вели дека претходно се занимавал со рекет и тоа на насилен начин, а за ова сведочи и анонимен човек кој самиот позајмил пари од мафијата и му претеле со животот на неговата ќерка.
Исто така клучен е фактот дека всушност владата е одговорна за тоа што се случува за време на пандемијата, затоа што биле ослободени над 200 членови на мафијата, затоа што постоел страв дека „може да се прошири коронавирусот во затворот“. Властите велат дека најголем дел од нив сега повторно се во затвор, но штетата е веќе направена и мора да почнат од почеток.
