Неколку идеи за да си направите еден поинаков пикник со најблиските претстојниот викенд

Поради моменталната ситуација не можеме, но и не треба да се групираме и да правиме поголеми забави, но секако можеме да си дозволиме за викенд да излеземе на пикник со членовите на најтесното семејство и да уживаме во природата. Еве неколку совети за вашиот пикник да биде релаксирачки и забавен, за да заборавите на постоечките проблеми.

Каде да одите?

Многу е важно барем еден ден пред пикникот да ја проверите временската прогноза и да одлучите каде да одите. Иако први на памет ви паѓаат „звучните“ места како Водно, Матка, Козјак и сл. реално ваквите места не се идеални за семеен пикник. Иако се прекрасни големи се шанските дека ќе бидат преполни со луѓе кои ја добиле истата идеја како и вие. Во моменталната ситуација ваквите непотребни гужви треба да се избегнуваат. Сигурни сме дека во вашата околина има мирни места каде што можете да уживате во природата, а доколку вам не ви текнува ниту едно прашајте ги постарите.

Направете вашиот пикник да биде едноставен

Осигурајте се дека целата храна за пикникот е едноставна за транспорт и не е премногу тешка за носење. Некои излетнички места се изолирани со долга прошетка за да се стигне до нив. Одберете пластичен прибор за јадење, ова е многу полесен и похигиенски начин на складирање на храната бидејќи се за една употреба.

Внимавајте на храната која што ќе ја носите

Никој не сака да се мачи кога е на пикник. Сите сакаме да сме сити и релаксирани. Затоа избегнувајте храна која лесно може да се стопи на сонцето или пак може да направи голем неред додека ја јадеме. Еве една листа на храна која би можеле да ја понесете на следниот пикник.

  • Сендвичи
  • Чипс и сосови
  • Колбаси
  • Пилешки крилца
  • Крекери и сирење
  • Салата (која е веќе подготвена дома)
  • Салата од компири
  • Овошје

Како сендвичите да ви останат свежи

Многу често може да се случи кога ќе однесете сендвичи на пикник тие веќе да се влажни и тоа воопшто не вкусно. Треба да внимавате дека кога ги правите сендвичите течните додатоци да ги оставите за подоцна. Односно да ги додадете пред да ги јадете (кечап, мајонез, сенф, домати и сл). Подобро е ваквите работи да ги спакувате и да ги додадете пред да го јадете сендвичот.

За освежување и многу забава понесете си го вистинскиот пијалак

Секако не треба да претерувате кога станува збор за алкохолните пијалаци, но треба да си пружите освежително задоволство во овие летни денови. VOLIM е овошно бело вино, кое благодарение на своите разновидни вкусови ќе ви овозможи во секој да уживате на различен начин.

Разладете го овошното бело вино VOLIM и впуштете се во вкусовите на вишна, јагода и лубеница, лимон или многу други. VOLIM е јаготката на шлагот која ви е потребна за совршен пикник!