Неколку лица загинаа, уште повеќе повредени, како последица на обилните дождови што ја зафатија Словенија во изминативе денови!

Најмалку две лица загинаа, откако обилни дождови што во петокот ги погодија северните и западните делови на Словенија, предизвикувајќи поплави, прекин на електричната енергија и прекин на сообраќајот.

Двајца мажи од Холандија загинаа, најверојатно од удар на гром, јави словенечката агенција СТА. Холандската влада ја потврди смртта, но не и причината. За време на невремето загина и една постара Словенка, иако властите се уште ги истражуваат околностите, додаваат од централата.

Словенечката агенција за заштита на животната средина издаде црвено предупредување за големите поплави. Метеоролозите велат дека обилните врнежи од дожд, кои се очекува да се прошират во соседна Хрватска и Босна на југ, ќе продолжат најмалку во следните 24 часа.

Затворени се речиси сите регионални патишта на северот на земјата, како и некои железнички линии, а околу 16.000 домаќинства останаа без струја, пренесува СТА.

Армијата беше подготвена да се распореди за да обезбеди помош, рече министерот за одбрана Марјан Сарек. Тој ги повика граѓаните да останат дома во градот Камник, каде властите прогласија вонредна состојба и ги затворија детските градинки.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *