Неколку оправдани причини зошто на патниците во авионите не им се даваат падобрани за спасување
Се запрашавме зошто патниците во авионите не добиваат падобран, бидејќи тогаш секој би знаел дека има некаква шанса за спас во случај на катастрофа…
Да, според статистичките податоци, авионот е еден од најбезбедните начини на транспорт и тоа сите го знаеме многу добро. Но, сепак, кога ќе се урне авионот, бројот на жртви е секогаш огромен. Но, падобран не е опција, а еве зошто:
1. Падобранот, дури и кога е преклопен, зафаќа многу простор. Некој може да се согласи да оди на лет без багаж во замена за фактот дека ќе му биде обезбеден падобран, но колку од нив ќе бидат со багаж?
2. Да претпоставиме дека има падобрани, но во овој случај, што треба да прават постарите и трудниците, кои тешко дека ќе можат да скокаат?
3. Авионот лета на височина од околу 10-11 km над земјата и ако се обидете да скокнете со падобран, едноставно нема да можете да дишете.
4. Брзината со која лета авионот е некаде помеѓу 800-900 км/ч, па кога ќе се обидете да скокнете можете едноставно да бидете растргнати.
5. Дали знаете колку чинат падобрани? Од 50 илјади до 250 илјади, па ова е многу скапо задоволство.
6. Секако, ако авионот почне да паѓа, паниката не може да се избегне. Замислете во каква состојба ќе бидат луѓето, дали можете јасно да размислите и да користите падобран во таква ситуација?
7. Малку е веројатно дека човек ќе може правилно да стави падобран, кој го гледа за прв пат.
8. На крај, треба да се има многу храброст за да скокнете со падобран, некои едоноставно ќе останат да го чекаат последниот момент, надевајќи се на најдоброто.