Неколку тони забава! Преслатки слончиња ираат брканица со автомобилите за време на сафари

Ова е симпатичен момент кога група млади слонови играат брканица со автомобил на сафари.

Моментот на камера го фатил туристот Пол Чарнли, кој со своето семејство бил на сафари во Националниот парк Кругер во Јужна Африка.

На видеото се гледа стадо слонови кои полека го преминува патот, додека две од нив разиграно се борат.

Откако забележаа дека имаат публика, разиграните слончиња решаваат да приредат шоу, стрчувајќи се кон автомобилот како да ираат брканица.

Едно од слончињата се приближува до „публиката“ и застанува за да погледне поубаво, а потоа се враќа кај другите слонови. За среќа слончето немаше намера да ги повреди набљудувачите.

Паркот Кругер може да се пофали со широк спектар на диви животни кои се заштитени од ренџери, вклучително и големата петорка: Лавови, леопарди, носорози, биволи и секако слонови.