„Немам потреба да одам во продавница со месеци поради мојата градина од 40 метри во којашто одгледувам речиси сѐ“
Александро Витале, познат на милиони следбеници на „Инстаграм“ како SpicyMoustache, е италијанец со впечатливи тетоважи и уште повпечатлив став кон урбаното градинарство. Неговата приказна започнала кога во 2021 година кога објави дека може да преживее осум месеци без да влезе во продавница, благодарение на градината од само 40 квадратни метри во Лондон.
Тој неодамна ја објави својата книга Low Waste Kitchen: Radical Recipes for Sustainable Living, во која нуди едноставни и креативни рецепти за користење на делови од зеленчукот што обично завршуваат во ѓубре. За Витале, сѐ започнало со размислување за трудот и ресурсите што ги вложува во градината. Потсетен на мудроста на неговите баба и дедо, кои никогаш не фрлале ниту еден дел од растенијата, започнал да создава рецепти што ги користат сите делови од плодот.
Храна, домашна козметика и што уште не…
Меѓу неговите рецепти се наоѓаат супа од црвена зелка, мафини со морков и модар патлиџан пармезана. Посветил и поглавје на ѓумбирот, кој лесно се одгледува внатре. Од него подготвува „имунолошки шот“ со морков и портокал и пробиотски газиран пијалак наречен „ѓумбир баг“.
Покрај храна, книгата содржи и упатства за домашна козметика – како балзам за усни со нане, масло и пчелин восок или мелем од лаванда со само три состојки. Остатоците од зеленчук, пак, може да се сушат и мелат, за добивање хранлив прав што се користи во супи или како зачин.
Витале ги руши стереотипите за „досадното“ градинарство
Со над 5 милиони следбеници, Витале знае дека неговиот изглед помага во привлекувањето на млади. „Градинарството обично се поврзува со нешто досадно, но може да биде многу забавно,“ вели тој. За почетниците препорачува лесни растенија како зелена салата или зачини, кои може да се одгледуваат и на прозорец.
За него, градинарството не е само храна, туку и терапија. „Ми помогна да се оддалечам од рутината и градскиот хаос. Поврзувањето со природата навистина го подобрува расположението,“ вели Витале.
Кај мене во маало во Скопје сите имаат градина и со година одгледуваа разно разни зеленчуци (ние сеуште).
Но, новиве генерации ги мрзи да садат и копаат, па сите насадија трева!!! А се жалат скап бил зеленчукот???
Наравоучение: не ја газете тревата – пушете ја!!!
Коментирај анонимно