Немате време за комплицирани рецепти? Инфлуенсерката Емилија Мурџоска го решава ручекот со dmBio состојки за 20 минути!
Добрата храна не мора да биде комплицирана за да биде вистинско уживање. Токму тоа го покажува најновото видео на Емилија Мурџоска, креаторката зад инстаграм-профилот „Вкусот на дома“ и добитничка на признанието „New Star Food Influencer Award – 2025“. Со едноставен пристап, внимателно одбрани производи од марката dmBio и љубов кон домашниот вкус, таа подготвува паста во кремаст сос од домашен хумус – рецепт кој инспирира да готвиме почесто, полесно и поквалитетно.
View this post on Instagram
Подготовката започнува со основата на сосот. dmBio наутот од тегла се процедува и се става во блендер, каде што се додава мала количина вода, доволно за да се добие мазна и кремаста структура. Блендирањето треба да трае додека смесата не стане целосно изедначена, без зрнеста текстура. По потреба се додава уште малку вода, внимателно и постепено, за да се постигне свиленкаста конзистенција. За дополнителна длабочина на вкусот може да се додаде и лажичка таан, а потоа смесата се зачинува со сол и се збогатува со една до две лажици dmBio пире од домат, кои му даваат нежна свежина и боја на сосот.
Во меѓувреме, dmBio тестенините во форма на срце се варат во доволно солена вода, сè додека не достигнат „al dente“ текстура – цврсти, но сварени. Важно е да се зачува мал дел од водата во која се вареле, бидејќи токму таа ќе помогне сосот да ја добие својата препознатлива кремастост.
Следниот чекор е кратко термичко обработување на сосот. Во тава се загрева мала количина маслиново масло на средна температура, по што се додава подготвената смеса од наут. Се пржи една до две минути, доволно за благо да се интензивира вкусот и да се поврзат состојките. Потоа постепено се додава од зачуваната вода од тестенините, мешајќи континуирано, сè додека сосот не стане мек, мазен и со посакуваната густина.
На крај, сварените тестенини се додаваат директно во тавата и внимателно се мешаат, така што секое парче ќе биде целосно обвиено со кремастиот сос. По желба, може да се додаде неколку капки свеж лимон за лесна киселост, малку чили за пикантност или омилено масло и зачини за дополнителен карактер.
Резултатот е топло, хранливо и вкусно јадење кое се подготвува брзо, а нуди богат вкус. Со повеќе од 400 органски производи од марката dmBio, без вештачки ароми, бои и конзерванси, секој рецепт станува сигурен избор за секојдневна, балансирана исхрана. Со dm, готвењето останува едноставно, а вкусот е секогаш богат.

Коментирај анонимно