Немојте да се чудите ако децата почнат да ви бараат по 1000 евра за блуза со патент – новата измислица на брендот „Rier“ ги испразни паричниците на луѓето низ светот. Па, зошто е толку посебна?

Дали сме измамени?

Модни ентузијасти плаќаат речиси 1.000 евра за блуза со патент кој на прв поглед изгледа како обична лежерна облека за кампување од „L.L. Bean“ или „Patagonia“. Но, блузата на „Rier“, која чини 960 долари, привлекува многу внимание меѓу модните следбеници.

 

 

 

Според дизајнерот Џона Вејнер, „кројот“ е тоа што ја прави блузата посебна. Тој го опиша блузонот од 100% волна како комфоре и лабав, признавајќи: „Мојот паричник плачеше“ по купувањето на овој модел.

 

 

Иако високата цена може да ги одврати просечните купувачи, тоа не е случај со „Rier“. Во луксузната продавница „Ssense“, повеќето модели од блузонот се речиси распродадени, особено кафената боја. Продавницата „Outline“ од Бруклин исто така потврди дека жолтиот модел е многу популарен.

 

 

Покрај елегантниот и едноставен дизајн, новата генерација купувачи повеќе се ориентира кон еколошки производи. Блузонот на „Rier“, направен од 100% волна, нема синтетички материјали и затоа е погоден за оние кои бараат производи што се подобри за планетата.

Вејнер додаде дека му е непријатно да носи облека од синтетички материјали, како полиестер, бидејќи тоа значи „да носиш нафта“. Тој претпочита волна.

 

 

Основачот на „Rier“, Андреас Стејнер, поранешен дизајнер на „Prada“, смета дека цената е „фер“, бидејќи блузонот нема синтетика и нема да ослободува микропластика при перење. Според упатствата за нега, дури не треба ни да се пере.

Блузонот исто така се вклопува во актуелниот тренд на „тивок луксуз“, каде што модата без големи логоа станува сè попопуларна. Луксузниот бренд „Miu Miu“ исто така има своја верзија на овој производ, кој се продава за неверојатни 2.350 евра.

  • За вонко напиша:

    Пак големи глупости од западот. Ништо ново.

  • Jaс напиша:

    Убаво рекле старите, дури има овци ќе има и волна.

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *