Необично пријателство кое ги топли срцата: Оваа коза ѝ помага на патката да има поубав живот

Некои од најдобрите пријателства се неочекуваните, како ова помеѓу спасена коза и патка која не може да оди. Џиџи е коза стара седум месеци и живее во Козите на анархијата (ГОА), засолниште за животни од 30 хектари во Хамптон, Њу Џерси, кое е посветено на спасување и рехабилитација на кози со посебни потреби. За животното се вели дека е во улога на „мајка“ за другите кози но една од нејзините најсилни врски е со Мерлин, патка со повредена нога.

Спасителите на животни се обидоа да ја вратат подвижноста на Мерлин со протеза, инвалидска количка и со спојување, но ниту една од опциите не му одговараше на животното па сега поминува голем дел од времето дружејќи се во базен. Џиџи дошла до Мерлин за време на една од сесиите со сончање и така станале најдобри пријатели. Сега се прилично неразделни и ги топлат срцата на луѓето.