Необјаснета мистерија: Пештера во која се гаснат мобилните телефони и капе вода наопаку

Мистериозно место во близина на Атина кое скоро никој не го посетува. Причината за ова се бројните суеверија, па затоа само храбрите доаѓаат да истражат. Пештерата Давелис се наоѓа на југозападната страна од планината Пендели, од која потекнува мермерот од кој би изграден Партенон.

Пештерата е именувана по разбојник од XIX век по име Давелис. Тој ја користел пештерата со својата банда како скривница и според легендата, имало лавиринт од тунели што воделе кон куќата на војвотката која му била љубовница. На влезот во пештерата, во карпата, се наоѓа византиска црква од 12 век.

Малку подлабоко се наоѓаат докази за религиски обреди во името на богот Пан, а остатоците што го потврдуваат ова можат да се видат во Археолошкиот музеј во Атина. На еден од sидовите може да се видат резби на поранешни патници, вклучително и неколку англиски писатели од деветнаесеттиот и почетокот на дваесеттиот век.

Постојат записи дека грчката армија практикувала тајни операции таму, поради што пештерата била затворена за јавноста. Исто така е поврзана со нуклеарно оружје, експерименти за време на Студената војна и бројни теории на заговор.

Окултниот статус на пештерата во форма на пирамида беше даден поради различните доживувања од страна на посетителите. Тие, наводно, виделе како капе вода од подот кон таванот, суштества слични на мачки кои одат исправено, исклучување на мобилните уреди и многу други чудни работи. Пештерата може да послужи како сценографија за хорор филм, бидејќи се претпоставува дека таму се наоѓаат траги на окултни ритуали.

Гркот Димитриос Макридопулос, кој отсекогаш бил фасциниран од паранормалното, тргнал кон пештера со камера и уред кој фаќа необични активности преку радиофреквенции. Апаратите снимале необични звуци, сенки и нечиво присуство, а како што вели, Димитриос веќе чувствувал чудна енергија на влезот како да доаѓа во друг свет. Експертите објаснуваат дека причината за ова може да биде магнетизмот, но тие не знаат како да ја објаснат причината.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.