(Не)објаснива мистерија: Кругови на смртта на кои Африканците се плашат да им пријдат

Невообичаени кругови во Намибија ги збунуваат научниците уште од 1970 -тите. Редовните тркалезни формации во тревата што се протегаат на должина од околу два километри мистериозно се појавуваат и исчезнуваат.

Нивниот животен век е приближно дваесет до седумдесет години, а нивната големина достигнува 15 метри во дијаметар. Мистериозните кругови се вечна инспирација на теоретичарите на заговор кои ги обвинија вонземјаните за потеклото на овој африкански феномен, кој според нив е резултат на слетување на вселенско летало на Земјата.

По нивното откривање светските експерти  неуморно ја барале причината за чудните форми. Некои мислеле дека се работи за метеоролошки траги, додека други ја истражуваа врската со енергијата и магнетните полиња, бактериите, габите, па дури и зрачењето.


Норберт Јуергенс од Универзитетот во Хамбург објави студија во која се наведува дека феноменот во Намибија е резултат на апетитот на термитите што јадат трева и ја обликуваат животната средина. Истражувањето падна во вода откако беше утврдено дека термитите дошле до веќе постоечките кругови и дека најверојатно немаат влијание врз нивното формирање. Тезата на Норберт не беше од корист бидејќи термитите немаат способност да формираат такви прецизни кругови.

Најверојатно тревата расте на специфичен начин поради недостаток на вода во сувата почва во Намибија, исто како што во младите шуми вегетацијата расте густо и со текот на годините се шири и на тој начин им овозможува на дрвјата повеќе простор и храна. Растенија кои се грижат за водата и ресурсите на овој начин, постојат и во други делови на светот, само што резултатите не се толку драматични.

Без оглед на науката, локалното население ја избегнува оваа необична област. Домородците веруваат дека „круговите на смртта“ се вина на змејот што живее под земја, а неговиот огнен здив ја обликува почвата на Намибија. Според друга легенда, круговите во тревата се всушност отпечатоци од боговите.

Мистеријата за круговите во Намибија останува нерешена, но научниците се надеваат дека ќе добијат повеќе податоци по внимателно испитување на составот на почвата и количината на вода.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.