Неодолив доставувач ѝ помага на својата сосетка со респираторни проблеми редовно да добива храна

Прочитавме многу приказни за луѓе кои си помагаат на најразлични начини за време на оваа пандемија, сепак оние кои најмногу ни го затоплуваат срцето се животните. Керен Евелет живее со своето куче Сани во Колорадо, таа има сосетка, Рене Хелман на која во овој период секоја помош ѝ е добредојдена. Рене има респираторни проблеми и поради тоа веднаш се изолирала дома со појавата на коронавирусот.

Сепак Рене има потреба од храна, а за тоа се грижи симпатичниот Сани. Сани оди кај Рене го зема списокот ѝ до дава на Керен. Потоа таа оди во продавница и ги купува потребните намирници, кои повторно Сани ѝ ги носи на Рене. Рене вели дека освен што и помага да ја добие потребната храна, Сани ѝ го разубавува денот.