Непознат човек побара од случајна минувачка во метро да го доврши текстот на песната и ѕвездата е родена

Ѕвездата е родена? Веќе неколку месеци не сме го слушнале насловот на овој филм кој предизвика голем бум благодарение на талентираните Лејди Гага и Бредли Купер. Она што стана уште попознато од самиот филм е песната од филмот со наслов Shallow.

Да се вратиме во „реалноста“, водителот Кевин Фрешватер се движел низ метро станицата и барал „жртви“ кои ќе го довршат текстот во песната која тој ќе ја одбере. Така случајно налетува на Шарлот Обри која не само што знае да пее, туку тоа звучи и подобро од оригиналот. По објавувањето на видеото луѓето веднаш се потрудиле да ја пронајдат Шарлот и всушност жената е пејачка и текстописец.