Непристојна понуда: На инфлуенсерки им нудат над 130.000 долари и скапоцености за да „придружуваат“ шеици
Оние кои заработуваат од Инстаграм претежно ги охрабруваат следбениците да комуницираат со нив со цел подобро да се поврзат, да имаат поголема популарност, повеќе реклами, а со тоа и повеќе пари.
Роузи Вилијам, инфлуенсерка и ѕвезда од реалното шоу „Љубовен остров“ вели дека иако била спремна нејзиниот живот „драматично да се промени“ по популарноста, сепак не била спремна дека „мажите ќе се обидат да ја купат“.
Роузи открива дека ѝ биле понудени 130.000 долари годишно плус облека и торби, за да стане придружничка на маж од Дубаи. Тој ѝ се обратил така што ѝ кажал дека има „важна трансакција“ која скаа да ја направи за неа и вели дека постојано ги користел овие зборови.
28-годишната девојка вели дека воопшто не ни размислила за неговата понуда, но исто така е сигурна дека ова им се случува на многу девојки кои се популарни на интернет.
Уште една нејзината колешка Тајн-Лекси Кларсон, исто така доби парични понуди во замена за секс. Таа добила непристојна понуда уште пред да се појави во шоуто „Љубовен остров“ и кога имала 19 години.
Првата понуда била 26.000 долари за вечера и пијалоци, но откако се појавила на шоуто од агенција и испратиле понуда од 65.000 долари за 5 вечери поминати во Дубаи со богат шеик. Во понудата исто така стоело и склопување на договор за доверливост.
И оваа девојка наводно не прифатила, сметајќи дека ова е еден вид на елитна проституција. Сепак бројот на девојките кои ги прифаќаат ваквите понуди е прилично голем и тука нема сомнежи.