Неродено бебе одлучи да ги поздрави своите родители и да покаже колку е задоволно од светот во кој ќе влезе

За некои луѓе велат дека се нервозни уште од самото раѓање, но за ова бебе дефинитивно ќе важи оваа изрека. Заради сегашните ограничувања во болниците Дејвид Луис не бил во можност да ѝ се придружи на сопругата Џес Џонсон за време на ехото на нивното неродено бебе.

Така, парот, од Нантвич во Чешир, одлучил да плати малку повеќе за 4Д ехо во приватна болница со цел и Дејвид да присуствува на чинот. Но, иако ова бил совршен момент за идните родители бебето малку се покажало како дрско и безобразно.

Првин се однесувал срамежливо и не сакал да си го покаже лицето, но бидејќи неговите родители не се откажувале и продолжиле за да добијат убава фотографија бебето „морало“ да им го покаже средниот прст. Секако тие ја виделе комичната страна од сетоа ова и Џес вели дека дефинитивно синот ќе биде ист како и таткото.