Нервозен кенгур беснее низ град во Австралија и никој ништо не му може

Опасниот кенгур ги малтретира локалните жители во Јужен Даунс во Квинсленд. Покрај нападот на три лица, суштеството „со лош став“ ја уништило и скапоцената градина на жена и ѝ го изел целиот зеленчук.

Маргерита Каруана стана жртва на кенгурот кој ѝ уништи 30 години напорна работа.

Градината не била доволна жртва за кенгурот, тој злобно нападнал 3 лица низ градот, вклучително и една 72-годишна жена. Претходно овој месец, постарата жена била на утринска прошетка со своето куче кога ненадејно паднала во заседа на големиот кенгур.

Соседот Киран Спотот ја слушнал како вреска и веднаш почнал да трча за да ѝ помогне. Тој ја пронашол на земјата како плаче со крвави гребнатини на рамената, вратот и ногата.

Друг жител, Шејн Тој, рече дека животното за прв пат било забележано пред некој локален паб пред околу два месеци, пред мускулестиот насилник да ја нападне неговата сопруга. За среќа, клиент успеал да дојде во одбрана со столче од барот и сите се повлекле во барот чекајќи животното да си замине.

Властите го бараат кенгурот, но сѐ уште не можат да го најдат.