Нервозната шоферка научи болна лекција откако нападна маж на патот

 

Овој вирален инцидент се случил наутро, на 4 јануари, во Толидо, Охајо. Жена која возела сино Форд возило нагло закочила, што довело до конфликт со возач на црвен седан што се наоѓал зад неа.

По судирот, жената излегла од автомобилот и почнала да извикува навреди и закани кон возачот на црвеното возило.

 

Патник од црвениот автомобил, облечен во пижами, излегол за да се обиде да ја смири, но кога видел дека тоа е залудно, решил да се оддалечи. Овој потег уште повеќе ја разлутил жената, која го удрила од зад грб.

Мажот се свртел, возвратил со удар и ја соборил жената на замрзнатиот пат. Таа останала лежечки на улицата, држејќи ја главата и извикувајќи од болка.

Не е познато што точно ја предизвикало оваа жестока расправија и дали некој сериозно се повредил. Жената ги обвинила патниците од црвениот автомобил дека се движеле преблиску до нејзиното возило.

 

Претставник на полицијата во Толидо, Принс Флорес, изјавил дека никој не го пријавил инцидентот, па истиот не е истражуван.

„Трпеливоста е клучна кога сте зад воланот“, изјави Флорес. „Сите сме на пат кон некое место, но важно е да стигнеме безбедно.“

Тој советуваше возачите, ако почувствуваат дека се справуваат со агресивен возач, да се обидат безбедно да се оддалечат и, доколку ситуацијата продолжи, да повикаат полиција.

  • Corbagjija напиша:

    🤣 trebase da ja poceka da stani i use ednash da ja bapni odzemi

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *