Несекојдневен проблем со несекојдневно решение: Жена која пати од постојани гасови, отиде на третмат кај киропрактичар и сето тоа беше документирано на национална телевизија
Бренда договорила консултација со д-р Алесандра Колон, преку емисијата на „TLC Crack Addicts”, со надеж дека крцнувањето на грбот некако ќе го спречи нејзиниот нагон постојано да испушта гасови.
По првото крцнување на вратот, Бренда извика дека е „најдоброто нешто што ѝ се случило досега”, додека хистерично мавташе со рацете.
Д-р Колон полека ја препозиционираше жената, чие презиме не беше споделено, во неколку различни пози.
Со секоја пукнатина, д-р Колон се подготвуваше за високиот пискот што следеше.
Незачудена, Бренда се изнасмеа и се пошегува дека е „врескач“ и продолжи да стенка додека киропрактичарката продолжи да ја крцка понатаму по нејзиниот ‘рбет.
Но, д-р Колон не беше подготвена за она што следуваше.
Бренда испушти силен гас, кој одекна гласно додека лицето на д-р Колон беше директно над нејзиниот задник.
Како вистински професионалец, таа го прифати инцидентот со позитива и ја виде смешната страна на непријатната средба, која беше емитувана на националната телевизија.
Таа рече: „Не очекував тоа да ми го направи во лице, но ќе земам еден за тимот“.
Според Националниот институт за дијабетес и дигестивни и бубрежни заболувања, луѓето пропуштаат гасови, во просек, меѓу осум и 14 пати на ден.
Звукот на „пукнување“ од коските се создава кога мускулите и тетивите предизвикуваат триење против коската.
Коментирај анонимно