Несреќник кој се` уште е под клетва на поранешната девојка ја тужи гатачката затоа што не го исполнила ветувањето
Маж од Калифорнија поднесе тужба против гатачка која наводно тврдела дека ќе ја отстрани клетвата која му ја фрлила поранешната девојка, но очигледно не успеала.
Според Мауро Рестрепо, тој ја напуштил средбата со Софија Адамс чуствувајќи се надежно. Гатачката ветила дека ќе може да го отстрани проклетството на неговиот брак кое го предизвикало неговата поранешна девојка, користејќи услуги од вештерка.

Адамс му рекла на Рестрепо дека тој и неговото семејство ќе бидат „во опасност“ ако не се преземе нешто за да се надмине проклетството. Се чини дeка ветувањето не било исполнето, и сега тој бара надомест.
Според тужбата за измама поднесена до Врховниот суд, Рестрепо бара 25.000 долари отштета за негрижа, граѓански заговор и намерно и небрежно нанесување емоционална вознемиреност, меѓу другите обвинувања.
Наводно, Адамс му рекла на Рестрепо дека ќе може да го спаси неговиот брак со магијата од 5,100 долари.

Адамс наводно му гледала на тарот карти на Рестрепо за време на нивната сесија, и му кажала дека неговата поранешна девојка му фрлила клетва со помош на вештерка.
Рестрепо бил доволно убеден да плати првичен депозит од 1.000 долари, само за Адамс „на кој било начин да му помогне“.
