Нешто чудно се случува со Тесла, САД започна истрага за самоуправувачката технологија

Американската влада покрена официјална истрага за функцијата автоматски пилот на Тесла, поради извештаите за бројни сообраќајки.

Истрагата за системите на Тесла, познати како Автопилот се одвива поради серија судири помеѓу автомобилите на Тесла и паркирани возила.

Истрагата ќе разгледа 765.000 возила произведени од 2014 година. Ова значи дека истрагата ќе опфати речиси се` што Тесла има продадено во САД почнувајќи од првиот модел.

Како дел од истрагата, Националната управа за безбедност во сообраќајот на патиштата (НУБСП) откри дека едно лице загинало, а уште 17 лица се повредени како резултат на несреќите. Истрагата на НУБСП  ги опфаќа моделите Y, X, S и 3, од 2014 година до 2021 година. Тоа е целата сегашна постава на Тесла.

Возачите на Тесла честопати ја злоупотребуваа функцијата Автопилот, а некои возачи беа фатени како седат на задното седиште.

НУБСП претходно отвори најмалку 30 истраги за несреќи во кои учествуваа автомобили на Тесла, така што оваа истрага е најнова во серијата.

Други производители, како и Тесла, ги предупредија возачите дека и покрај тоа што користат вакви системи, тие треба да бидат подготвени да интервенираат во секое време.