Неверојатно пријателство! Овој Пит Бул и слепа кокошка се најдобри пријатели и прават сѐ заедно

Понекогаш најневеројатните пријателства се најчистите. Кокошката Пери била посвоена од семејство кога имала само неколку дена, но по 6 месеци доживеала инфекција на очите и ослепела.

Иако ја носеле на различни специјалисти им кажале дека нема шанси да прогледа.

Затоа што уште од пиле Пери била чувана во домашни услови и разгалена од сопствениците таа е најмилата кокошка што некогаш сте ја виделе. Освен што е блиска со членовите на семејството таа многу сака да се дуржи и со пит булот Тај. Која га посвоиле Пери, Тај имал 3 години и семејството вели дека тој веднаш почнал да ја заштитува.

Пери и Тај биле најдобри пријатели цели 8 години, се додека за жал во 2018 година Тај ја изгубил битката со ракот и починал. Бидејќи Пери не можела да го поднесе овој факт семејството повторно земало куче, Грејси. Кокошката остварила силна врска и со Грејси, а Грејси секогаш и ги носи играчките на Пери кога таа не може да ги најде.