Неверојатната реакција на австралиските пожарникари откако почна да паѓа дожд во опожарена област

После неколку недели борба со огромни пожари, пожарникарите во Австралија конечно добија причина да се насмевнат кога дождот почнува да паѓа над опожарените области на шумите.

И што да направите доколку со денови и часови го ризикувате својот живот за да спасите животни, луѓе и домови и одеднаш доживувате дожд? Секако почнувате да играте од среќа. Така решија да се провеселат и пожарникарите од Противпожарната бригада Леонгата.