Неверојатните нови фотографии и видео го прикажуваат Сонцето подетално од кога било досега

Најверојатно сите го замислуваме Сонцето како хаос од оган и лава на сите страни, но вушност од блиску изгледа поинаку.

Фотографиите со најголема резолуција на Сонцето досега снимени ја прикажуваат површината на ѕвездата со невидени детали, а луѓето велат дека им наликува на „карамелизирана пченка“.

Сликите беа снимени од Сончевиот телескоп Даниел К Инуи, сместен на Хаваи, а беа објавени во јавноста од Националната сончева опсерваторија. Фотографиите покажуваат шема на бурна плазма што врие, додека структурите слични на клетки се со големина на американската држава Тексас.

Кога во видеото ќе го го видите светлиот центар на клетките, тоа е кога плазмата се зголемува. Спротивно на тоа, околните темни ленти се видливи само кога плазмата се лади и тоне под површината.

Фактот што можеме да го видиме сето ова е извонреден подвиг; ново-објавените слики и видео-шоу се карактеризираат со работи кои можеме да ги видиме на 30км оддалеченост за прв пат досега, што – кога се споредува наспроти обемот на Сонцето, со дијаметар од околу 1,4 милиони километри – е прилично неверојатно.