Неверојатно дарежлив човек оставил 10.000 долари бакшиш во ресторан, а еве и зошто

Еден добродушен човек од Флорида оставил сума од 10.000 американски долари во ресторан, така што секој член на персоналот бил во можност да однесе дома дополнителни 500 американски долари.

Дарежливата донација била оставена во ресторанот Ритскетс“ со седиште во Неапол, на патот Вандербилт Бич. Човекот бил редовен гостин и тој отишол кај менаџерот и му подал купче пари.

Иако вработените знаат како изгледа човекот сепак тие не знаат како се вика. Човекот редовно доаѓал и работел на својот лаптоп во градината на ресторанот, а за викендите го носел своето семејство. За жал, персоналот нема да може едноставно да почека човекот да се врати, затоа што по наредбите на владата ресторанот е затворен поради пандемијата.

Всушност тоа била и целта на човекот. Тој знаел дека ресторанот наскоро ќе затвори и менаџерот кажал дека најголем дел од вработените ќе бидат отпуштени. Затоа тој му ги дал парите и му кажал: „Погрижи се секој од нив да добие 500 долари.“