Неверојатен инженерски подвиг: Индија се подготвува да спроведе проект за дистрибуција на 200 милијарди кубни метри вода низ целата земја за ја реши кризата со вода
Вековниот сон на Индија да ги поврзе нејзините многубројни реки за да ги елиминира кризите со вода, конечно се остварува. Националниот проект за поврзување на реките (NRLP) би можел да ги реши долгогодишните проблеми на земјата со поплавите и сушите нудејќи иновативен пристап за прераспределба на водните ресурси.
Индија, земја на контрасти, каде што изобилството на вода во некои региони е придружено со сериозен недостиг во други, долго време бара начини за правична распределба на своите водни ресурси. NRLP е мрежа од приближно 3.000 акумулации кои поврзуваат 37 реки кои ќе ја пренасочат водата од вишокот басени кон оние каде што е најпотребна.
Поврзувањето на реките на Хималаите со реките на Арапското Море и Бенгалскиот Залив претставува инженерски подвиг што ќе го трансформира пејзажот на Јужна Азија. Изградбата на 30 цевководи, способни за движење на 200 милијарди кубни метри вода годишно, ветува дека ќе го поддржи производството на хидроелектрична енергија и земјоделското наводнување, што го прави проектот не само еколошки, туку и економски исплатлив.
Идејата првпат предложена од Сер Артур Котон во 1919 година и оживеана од C.L. Рао во 1960-тите, одекнува со успешни проекти во други земји како Кина и Шри Ланка. Искуството на овие земји покажува дека ваквите иницијативи можат да донесат значителни финансиски придобивки.
И покрај оптимизмот, проектот предизвикува загриженост кај научниците кои предупредуваат на потенцијални несакани последици, како што е влијанието врз сезоните на монсуните. Тејасви Чаухан од германскиот институт за биогеохемија Макс Планк нагласува дека речните системи се меѓусебно поврзани, а промените во еден може да доведат до промени во друг.
Цената на проектот се проценува на 168 милијарди американски долари. Првата врска на мрежата, која ги поврзува реките Кен и Бетва, веќе е одобрена за имплементација од Владата на Индија.
Коментирај анонимно