Неверојатен момент: 13 годишен ученик ја презема контролата над училишниот автобус и ги спасува животите на 66 ученици, откако возачот паѓа во несвест

Дилон Ривс, 13, се враќал дома од средното училиште Картер во Ворен, Масачусетс, заедно со уште 66 ученици кога возачот на автобусот се онесвестил возејќи.

 

Снимките од надзорните камери покажаа дека возачот преку радиото ги известува учениците дека чувствува вртоглавица и дека ќе застане за кратко. Но, пред да може да застане, тој почнува да се тресе и губи свест. Во целата таа ситуација, момчето се снаоѓа да ја најде сопирачката и безбедно да го запре автобусот. Потоа веднаш им вели на другите ученици некој да се јави на Брза Помош.

 

Претставниците на Консолидираното училиште Ворен одржаа прес-конференција за да го пофалат херојскиот чин на Ривс.

„Стана, ја процени ситуацијата и виде дека возачот се онесвести. Ова беше извонреден чин на храброст“, рече началникот Роберт Ливерноа.

 

Ривс не зборуваше на прес-конференцијата и понизно остана во задниот дел. Во негово име зборуваа гордите родители на тинејџерот и го пофалија за брзиот одговор.

„Многу, многу горд. Ова е огромно за сите нас. Ова е национално во овој момент“, рече неговиот татко, Стив Ривс. „Тој е многу внимателен кон околината“.

За да му оддадат почит и да му се заблагодарат на 13-годишното момче за неговиот одговор во итни случаи, мештаните го украсија дворот на неговото семејство со знак на кој пишува „херој“.

 

На прашањето на неговата мајка, Ирета, каде научил да вози автобус, тинејџерот рекол: „Го гледав шоферот како го прави тоа секој ден“.

Гордата мајка додаде: „Тој е навистина одлично момче оваа година. Тој измина долг пат. Одлични оценки, искуства на училиште со другарите. Ова што го направи ми го исполнува срцето. За Дилон, тоа е само уште еден ден. Тој нема поим колку луѓе се толку горди на него денес“

Се очекува Ривс да добие награда од полицискиот оддел Ворен.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *