Неверојатен параолимпиец ги воодушеви гледачите со неговите неверојатни вештини во пинг-понг

Ибрахим Хамадту е 48-годишен египетски параолимпиец кој игра пинг-понг со уста. Двократниот параолимпиец ги остави гледачите запрепастени од неговите импровизирани вештини за пинг-понг, покажувајќи го неговиот стил на игра што ги интегрира и стапалата и устата.

Ибрахим Елхусеини Хамадту, кој ги загубил двете раце во несреќа, се издвојува од останатите бидејќи тој игра пинг-понг држејќи ја палката во уста, а сервира со помош на стапалото. Иако Хамадту не успеа да освои медал, тој стана една од највозбудливите приказни на Параолимписките игри во Токио 2020 година.

 

Хамаду ги загубил двете раце во железничка несреќа кога имал само 10 години. Сепак, неговите вештини во пинг-понг не останаа незабележани љубителите на играта.

Иако Хамадту беше победен од Парк со 11-6, 11-4 и 11-9, тој сепак претставува силна конкуренција за секој со кого се соочува.