Неверојатен природен феномен: Милиони кралски пеперутки во околината на градот Окампо, Мексико

Секоја година, милиони кралски пеперутки поминуваат по 5000 километри за да пристигнат во околината на мексиканскиот град Окампо.

Кралските пеперутки се познати по нивната неверојатна масовна миграција за да презимат на југ, во топлите краеви на Мексико. Овие кревки инсекти поминуваат 5.000 километри секоја година за да избегаат од канадската зима и да останат во Мексико од ноември до март. Пеперутките мора да мигрираат во Мексико секоја есен, бидејќи студот може да ги убие ако останат предолго во Канада.

Нивната карактеристична шара ги предупредува предаторите дека овие инсекти се отровни.

Пеперутките монарх прават едно кружно патување, а потоа умираат. Сепак, новите пеперутки ги прават истите летови како нивните предци, а понекогаш дури и се враќаат на истото дрво.