Неверојатна глетка – облак во облик на Исус се појави над базиликата за време на богослужба

За време на богослужба во базиликата „Minore of Our Lady of Peñafrancia“ во Нага, Филипини, верниците беа сведоци на несекојдневен феномен – облак кој потсетува на ликот на Исус Христос се појави на небото. Сцената беше снимена на видео, кое брзо се прошири на социјалните мрежи и предизвика бројни реакции.

Во видеото се гледа како облакот има форма што потсетува на лик со долга коса и подигната рака, а присутните верници со восхит гледаат кон небото. Настанот се случил непосредно пред одбележувањето на Националниот ден на младите, а многумина го сметаат за духовен знак.

По појавата, над 8.000 луѓе го посетија местото за молитва, верувајќи дека станува збор за чудо. Настанот повторно го отвори прашањето за знаците одозгора и верата во божествената присутност во секојдневниот живот.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *