Неверојатна глетка: Огромен алигатор влече џиновска змија за вечера
Еден огромен алигатор беше забележан од туристичка група како влече џиновска змија низ калливите води на Флорида, во сцена која предизвика стравопочит.
Туристичкиот водич во Националниот парк Еверглејдс, Кели Алварез, го фатила неверојатниот момент на Денот на благодарноста, кога алигаторот, наречен „Годзила“, пливал со мртвиот бурмански питон во својата уста.
Таа водела редовна тура низ националниот парк, кој е најголемата суптропска дивина во САД, кога групата ја забележа вознемирувачката сцена. Алварез, која објасни дека гледање алигатори како уништуваат питони не е невообичаено, рече дека ова е првпат да види толку голем питон како оброк.
„Сум видела многу алигатори како јадат питони тука. Но, никогаш, никогаш, никогаш не сум видела питон толку голем.“
Групата туристи, која уживаше во глетките од набљудувачката точка во Shark Valley (највисоката точка во паркот што може да се посети пеш), беше изненадена кога едно дете испушти крик.
„Прво мислев дека тоа е трупец што плови на површината на водата или нешто слично. Но, потоа забележав дека алигаторот го движи.“
Таа го препознала алигаторот наречен „Годзила“, кој често се забележува како се сонча близу кулата. Била шокирана кога го видела како плива со огромен питон во својата уста, кој изгледал речиси двојно подолг од „Годзила“.
Бурманските питони се едни од најголемите змии во светот, а нивната должина во просек изнесува помеѓу3 i 5 мјетри кога се целосно возрасни, според Универзитетот на Флорида.
Се смета дека оброкот на „Годзила“ може да биде најдолгиот питон досега виден.
Алварез проценила дека ѕверот е долг најмалку 6 метри, што го прави еден од најдолгите питони досега забележани во Еверглејдс.
Не е изненадувачки што оваа масивна змија е инвазивен вид, бидејќи има многу малку предатори и плени на домородни видови, јадејќи сè, од глувци, рисови до елени.
Коментирај анонимно