Неверојатна студентска приказна: Четири години си правел селфи и благодарение на тоа сега стана милионер

Многу луѓе не можат да ја разберат поентата на незаменливите токени (NFT) – зошто некој би платил милиони долари за дигитална слика или анимација што може да ја преземе целосно бесплатно од Интернет. Додека за некои тоа е само измама или актуелен тренд, други се обидуваат да го искористат тој тренд и да заработат пари продавајќи се и сешто.

Огромното мнозинство од ваквите NFT проекти пропаѓаат, односно нема интерес за нив, но оние најпознатите уметници кои ги продаваат своите дигитални уметнички дела како NFT досега имаат заработено милиони и десетици милиони долари. Дека ова е пазар на кој речиси секој може да заработи милиони, дури и да не е првичната намера, покажува и случајот со студентот Султан Густаф Ал Гозали од Индонезија. Кога почнал да учи, решил да прави селфи секој ден за да може да го следи и снима студентскиот живот.

Тој направи околу илјада селфиња во текот на четири години и имаше намера да ги стави во тајмлапс видео и да ги објави на YouTube, но неговите планови се променија кога дозна за блокчејнот и метаверсот. Потоа реши да ги продаде тие слики како NFT за 3 долари на платформата OpenSea и да види што ќе се случи: „Никогаш не мислев дека некој ќе сака да купи селфи.“

На почетокот не се случувало многу, додека неговите селфи фотографии не налетале на познат индонезиски готвач, кој го купил и промовирал селфито на Ал Гозали. После тоа, побарувачката експлодирала, а вредноста на трансакциите на неговите селфиња достигнала дури милион долари. На врвот на побарувачката, секое селфи се продаваше за 0,9 етери, или речиси три илјади долари (со тогашната вредност на оваа криптовалута). Тој, исто така, ја искористи својата неочекувана популарност на Инстаграм, каде заработи повеќе од 100.000 долари од секундарната продажба на NFT.

Со солидната сума што ја заработил, Гозали решил да се повлече од пазарот и најавил дека повеќе нема да ги продава своите селфи фотографии и ги замолил сите што ги купуваат тие селфиња да не ги злоупотребуваат неговите слики бидејќи тоа ќе ги разочара неговите родители.