Неверојатна студија со ново откритие: Се удвоија шансите за преживување на пациентите со рак на панкреасот само со примање на високи дози од овој добро познат витамин
Универзитетот на Ајова „Health Care Carver College of Medicine“ ги сподели резултатите од студија во која се тестираше ефектот од додавање високи дози на витамин Ц во интравенски хемотерапии кај пациенти со рак на панкреас.
Истражувачите откриле дека администрирањето на 75 грама витамин Ц трипати неделно го удвоило вкупното преживување на пациентите со доцна фаза на метастатски рак на панкреас, од осум на 16 месеци.
Студијата, објавена во списанието Redox Biology, исто така покажала дека периодот без прогресија на болеста се зголемил од четири на шест месеци.
„Големо откритие“ – изјава на главниот истражувач
Д-р Џозеф Кален, професор по хирургија и радијациона онкологија на Универзитетот во Ајова, изјави во интервју дека овие „револуционерни“ резултати се плод на 20 години истражување за витаминот Ц.
„Кога го тестиравме витаминот Ц во лабораторија, откривме дека употребата на многу повисоки дози функционираше одлично во уништувањето на клетките на ракот. Откривме дека на овие високи дози, аскорбатот [витаминот Ц] всушност создава водороден пероксид. А токму водородниот пероксид ги уништува клетките на ракот“ рече Кален.
Подобра толеранција на хемотерапија
Пациентите кои примале витамин Ц во фазата 2 од студијата, одобрена од FDA, исто така покажале подобра толеранција на примената хемотерапија.
„Поради ова, тие добија поголеми дози хемотерапија за подолги периоди, што исто така придонесе за уништување на клетките на туморот,“ додаде Кален.
Потенцијал за третирање други видови рак
Интравенскиот витамин Ц би можел да помогне и во борбата против други видови рак, изјави Кален, споменувајќи дека неговите колеги истражуваат третмани за рак на белите дробови и мозокот.
Д-р Георгиос Георгакис, хируршки онколог во „Stony Brook Medicine“ во Њујорк, изјави дека овие резултати би можеле „потенцијално да бидат пробив“ за пациентите со рак.
„Изгледа дека работи синергетски со хемотерапијата,“ рече Георгакис.
Д-р Џошуа Строс, хематолог и медицински онколог од „Advanced Care Oncology and Hematology Associates of the Atlantic Medical Group“, исто така го поддржа овој метод.
„Мали клинички студии како оваа неодамна дадоа возбудливи и конзистентни сигнали дека витаминот Ц, кој е евтин и добро се толерира, може да ја подобри ефикасноста на хемотерапијата со задржување на добар квалитет на живот,“ изјави тој.
Природни својства на витаминот Ц
Витаминот Ц, или аскорбинската киселина, е „есенцијален нутриент“ кој се наоѓа во различни намирници како што се цитрусите, доматите, компирите, брокулата, јагодите, зелката и спанаќот.
Георгакис истакна дека витаминот Ц помага при раст и регенерација на ткивата, продукција на колаген, заздравување на рани, здравје на коските и кожата, како и поддршка на имунитетот.
Различни ефекти од дозирањето
- Мали дози (75-90 мг дневно): Делува како антиоксиданс.
- Високи дози (75 грама): Делува како прооксиданс, создавајќи реактивни кислородни соединенија кои ги напаѓаат клетките на ракот.
„Па, витаминот Ц со овие високи дози всушност создава реактивни кислородни видови кои ефикасно ги уништуваат клетките на ракот,“ изјави Кален.
Коментирај анонимно