Неверојатни бројки: Најевтини дестинации за купување на викендица од соништата

Ако сонувате за викендица, но имате ограничен буџет, ви носиме одлични вести. Постојат многу земји низ светот каде што викендичката може да биде прифатлива и ефтина. Ако немате проблем со тоа да возите неколку часови или дури и да се качите на авиот за да си поминете убаво за викендот, овие локации дефинитивно вреди да се разгледаат и да се истражат понудите на куќи или станови за лето или зима, а кога не ги користите, секогаш можете да се фрлите во бизнисот на издавање. Италија, Турција, Бугарија или Египед … Ви носиме дестинации каде што ќе купите викендица за помалку од 30 илјади евра.

Куќа за 1 евро во Италија

Не е шега. Ова е реалноста. Дали некогаш сте се запрашале каде можете да најдете куќа од 1 евро? Во Италија. На север и југ од италијанскиот остров Сицилија, ќе најдете стотици имоти што владата ги нуди за само едно евро поради големото иселување на жителите. Иако изгледа како шега, не е. Недвижниот имот не е во најдобра состојба, и со потпишување на купопродажниот договор се согласувате со условите кои велат дека мора да го реновирате имотот најдоцна 3 години по купувањето.


Оставате депозит од 2.500 – 5.000 евра што ги добивате по реновирањето, а доколку не реновирате, останувате без него. Сосема реална и можна опција, која не само што ќе ви обезбеди имот за 1 евро, туку ќе можете да се вклучите во реновирањето, да бидете креативни и да си ја изградите викендицата од соништата. Имотот се наоѓа во внатрешноста на Сицилија, главно во старите градови со околу 10-20 илјади жители.

Апартман во Истанбул за помалку од 25.000 евра


И ова изгледа како шега, но е далеку од шега. Недвижниот имот во Турција е толку ефтин во споредба со западните земји што изгледа нереално. Имено, ако одите надвор од центарот на градот во населби како што се Бејликдизо, Бујкчекмеџе, Есенјурт од европска страна или Малтепе од азиската страна на Истанбул, ќе најдете недвижен имот од 20 000 евра. И тука не зборуваме за студија, туку за нормални, големи станови од 80 квадратни метри и повеќе.

Ако сакате да барате недвижен имот, најдобро е да ангажирате овластен застапник, а доколку сакате да го направите тоа сами, инсталирајте ја апликацијата Сахибинден, која ви носи преглед на сите недвижности за изнајмување и купување низ цела Турција.

Апартман за одмор во Египет од 16 000 евра

Кога тргнавме да истражуваме каде и како да најдеме прифатлива недвижност, наидовме на реклама од египетска компанија која продава станови во популарната летна дестинација Хугард. Aqua Tropical Resort е името на објектот во изградба, кој ќе се наоѓа веднаш покрај морето. Апартманите ќе се продаваат по цена од 13.863 фунти, што е околу 16,233 евра . Станот се наоѓа во зграда со базен, ресторани и сауна, која ја користат сопствениците на згради. Сосема одлична можност да купите недвижен имот далеку од се`, на друг континент.

Бугарското Црно Море како популарна дестинација за многумина

На Интернет е можно да се најдат голем број имоти за продажба и изнајмување во одморалишта долж бугарскиот брег на Црното Море. Во моментов, недвижен имот за продажба и изнајмување во Бугарија е одлична можност поради навистина ниските цени. Се разбира, се` зависи од она што го барате, стан на плажа покрај море или ја барате куќа.

Исто како и на повеќето места, цените зависат од растојанието до плажата. Бугарскиот брег на Црното Море нуди одличен избор на забава и различни начини да го поминете вашиот одмор, спортови на вода, голф и крстарење, или само лежење на плажа и уживање во топлото сонце. Затоа купувањето или изнајмувањето имот на плажа во Бугарија е еден од најдобрите избори што можете да ги направите. Можете да најдете студиски апартмани на море за само 13 илјади евра.