Неверојатни оптички илузии создадени од вештачка интелигенција
Пазарот е преплавен со многу од овие алатки – ChatGPT, AlphaCode, DALLE, Midjouney, Stable Diffusion итн… Овие алатки се разновидни, способни да генерираат текст, фотографии, видеа, па дури и код. Иако претставуваат потенцијална закана за идната безбедност на работните места, не треба да се занемари нивната способност да создаваат забавна содржина, како што е презамислување на облеката на папата.
Друга интригантна примена на вештачката интелигенција на која не и се посвети толку внимание е создавањето на оптички илузии. Ако сè уште не сте ги сретнале, можете да се запознаете со нив во оваа статија. Подолу направивме избор на некои од најзабавните слики кои вештачката интелегенција ги има измислено. Овие оптички илузии се создадени во режим на стабилна дифузија користејќи ControlNet.
Повеќето од овие оптички илузии содржат скриени зборови или слики. За да ги идентификувате, можете или да го тргнете телефонот подалеку од лицето додека сликата не стане јасна или да кривогледате за да го заматите видот.
Коментирај анонимно